Реал Мадрид попладнево соопшти дека Родриго бил успешно опериран, се очекува Бразилецот да се врати на терените на почетокот од 2027.
Родриго доживеа голем пех на натпреварот против Хетафе, при еден дуел со Адриан Лисо, го повреди коленото.
Продолжи да игра, на теренот остана уште 30 минути, но деталните тестови донесоа разочарувачки вести.
Бразилецот ги оштетил предните вкрстени лигаменти, како и менискусот на десното колено.
Од таборот на Реал Мадрид сега брифираа дека операцијата била успешна и Родриго ќе почне со процес на опоравување.
Но рехабилитацијата ќе биде прилично долга, Родриго ќе биде среќен ако повторно заигра фудбал оваа година.
Се очекува тој на терените да се врати дури на почетокот од 2027 година, а најцрните прогнози велат дека ќе паузира и до една година.