Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Роман Абрамович е подготвен да ја тужи владата на Британија, смета дека тој треба да одлучи на кој начин ќе бидат донирани 2,5 милијарди фунти од продажбата на Челси.
На 17. март истекува рокот кој британските власти му го постави на Роман Абрамович да ги донира милијардите од продажбата на Челси, или тие ќе преземат правни чекори со цел парите да завршат кај жртвите од војната во Украина.
Но последните информации велат дека рускиот милијардер сега се заканува со тужба.
Поранешниот газда на Челси смета дека овие пари се негови, и тој треба да одлучи каде тие ќе завршат.
Не му се допаѓа планот на британските власти сите средства да бидат донирани на Украина, тој вети дека парите ќе бидат за сите погодени од војната, односно и за луѓе од Русија.
Во моментов, парите од продажбата на Челси (околу 2,5 милијарди евра) стојат „замрзнати“ на банкарска сметка.