Го бара пола Eвропа, вреди 70 милиони евра, а игра за „ситни“ пари

by bojan
1 минути читање
Нико Паз

Младата ѕвезда на Комо, Нико Паз важи за еден од најперспективните фудбалери во светот, неговата вредност се проценува на околу 70 милиони евра, а тој игра за „ситни“ пари и плата од околу 900.000 евра по сезона.

Нико Паз блесна на фудбалската сцена откако Сеск Фабрегас му даде шанса во Комо, детето на Реал Мадрид со добрите настапи привлече огромно внимание и е во бележникот на многу клубови ширум Европа.

Тотнем минатото лето нудеше дури 70 милиони евра, но и тоа не беше доволно за тој да ја промени средината.

Сигурно слични понуди ќе пристигнат и ова лето, а „кралевите“ ќе го имаат последниот збор за неговата иднина.

И додека го чека големиот трансфер, Нико Паз игра за „ситни“ пари, неговата плата во Комо е околу 900.000 евра по сезона, и тој е еден од најмалку платените во тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×