„Кралевите“ ја разгледуваат опцијата да го ангажираат Макс Алегри за нов тренер, италијанскиот стратег поставил два услови – Лука Модриќ да му биде дел од тренерскиот персонал, а Адриан Рабио засилување за средниот ред.
Макс Алегри го одби Реал Мадрид во 2019 и 2021 година, но „кралевите“ со трета среќа ќе се обидат да го ангажираат летоска.
Како што пренесува Тутоспорт, италијанскиот стратег поставил два услови кои мора да се исполнат за да сенде на маса со Флорентино Перез.
Тој сака со себе на „Бернабеу“ да понесе двајца членови на Милан – првиот е Лука Модриќ, вториот а Адриен Рабио.
Макс Алегри не го гледа Лука Модриќ како играч, туку како член од неговиот персонал, клучна фигура која ќе ја има улогата на врска помеѓу минатото и сегашноста.
Адиен Рабио пак треба да биде засилување за средниот ред, Французинот е човек од доверба со оглед на тоа дека играше под водство на Макс Алегри и во Јувентус, а и сега во Милан. Сепак останува да се види како тој би се вклопил во тим кој веќе има играчи како Џуд Белингем, Феде Валверде, Арда Ѓулер, Едуардо Камавинга и Орелијан Чуамени.
ФОТО: X/AC Milan