Сасуоло приреди големо изненадување во 27 коло од Серија А и на свој терен ја совлада Аталанта со 2-1, иако најголемиот дел од натпреварот играше со фудбалер помалку.
Домашниот тим уште во 16 минута остана без Пинамонти по директен црвен картон, но тоа не го поколеба. Во 23 минута Лориенте му сервираше одлична топка на Коне за 1-0, а во 69 минута Торствед со силен удар од дистанца ја зголеми предноста на 2-0.
Аталанта возврати преку Муса во 89 минута и во самиот финиш преку Скалвини ја погоди пречката, но немаше сили за целосен пресврт.
Со триумфот Сасуоло стигна до 38 бода и се искачи на осмото место, додека Аталанта остана на 45 и пропушти шанса да се доближи до позициите што водат во Лигата на шампионите.