Јувентус имаше фуриозен почеток на мечот со Тотенхем во Лигата на шампионите откако со два гола на Игуаин по девет минути игра водеше со 2-0.
Но во продолжението работите се променија, англискиот тим беше подобар и дојде до конечни 2-2. Игуаин промаши и пенал пред крајот на првото полувреме.
Фановите на Јувентус не беа задоволни од настапот на своите фудбалери па многумина од нив упатија критики на кои одговори Игуаин од својот инстаграм профил.
„Добро утро на сите. Лесно е да се зборува по мечот од троседот или фотелјата… до 2-0 се беше перфектно, по 2-2 мислењето брзо се промени. Навистина не не интересираат овие критии. Ајде да одиме во Лондон и да обезбедиме победа, прегратка за сите кои вистинси сакаат добри работи за Јувентус“, напиша Игуаин.