Алексис Санчез беше една
од главните ѕвезди во изминатиот јануарски преоден рок, Чилеанецот од Арсенал
премина во редовите на Манчестер јунајтед, а една мошне необична сторија за
него пренесе италијанскиот новинар Пјетро Олеото.
По еден тренинг, Санчез
се решил да оди на шопинг низ центарот на Удине, но неговите клучеви а воедно и
мобилниот телефон му останеле во автомобилот кој не можел да го отвори, од
причина што бил заклучен.
„Не сум сигурен што би
направиле многумина во една таква ситуација, но тој едноставно се реши да трча
до својот дом, оддалечен цели осум километри од срцето на градот. Локалните
жители кои го здогледале во клупска опрема веднаш не повикаа“ вели Олеото кој
притоа издвои дека физички Чилеанецот бил „машина“.
„Тој доста работеше на
своето тело, остануваше два часа по тренингот во теретана“ додава Олеото.