Медиумите од Германија пренесуваат дека Баерн Минхен ќе му понуди нов договор на младиот Ленард Карл и плата која од сегашните 2 милиони по сезона, ќе скокне на 8 милиони евра.
Ленард Карл важи за еден од најперспективните фудбалери во светот, Баерн Минхен очигледно не сака ништо да ризикува, па богато ќе го награди за да ја продолжи авантурата на „Алианц Арена“.
Тој во неделата наполни 18 години со што автоматски доби професионален договор до 2029 година.
Но како што пренесува Билд, раководството на „баварците“ веќе отворило преговори со Михаил Балак (агентот на Ленард Карл) за долгорочна соработка со младото момче.
Се шпекулира за договор до 2031 година според кој платата на Ленард Карл ќе скокне за дури четири пати, односно од 2 на 8 милиони евра по сезона.