Златан Ибрахимовиќ во ноември месец се врати на терените по тешката повреда на коленото која ја заработи во април.
Кога го запрашаа како успеал да се врати толку брзо, Швеѓанецот во свој стил егоистично се пофали: „Лавовите не заздравуваат како луѓето, им треба помалку време“.
Но по се изгледа Златан Ибрахимовиќ може вода да му носи на Лерој Сане од Манчестер Сити.
Германецот неодамна настрада по еден опасен старт на противнички играч и се говореше дека ќе му требаат барем седум недели да ја санира повредата на лигаментите на скочниот зглоб.
Но тој веќе трча и се најде во составот на „Граѓаните“ за дуелот со Базел во Лигата на шампионите. Лерoј Сане успеа да ја санира повреда пет недели порано од очекувањата.
„Изненаден сум“ – вели Пеп Гвардиола. „Не е во перфектна кондиција но може да помогне“.