27
Фудбалерите на Барселона го искористија киксот на Реал Мадрид кој вчера претрпе пораз од Осасуна и со денешната победа од 3-0 против Леванте го преземаа врвот на табелата.
Натпреварот беше решен во првото полувреме кога Бернал и Де Јонг се погрижија за водство на Барселона од 2-0, погодуваа во четвртата и 32. минута.
Во продолжение Барселона сигурно ја одржуваше предноста, а во финишот Фермин Лопез по асистенција од Ламин Јамал ги постави конечните 3-0.
На табелата сега, Барселона има 61 бод, еден повеќе од Реал Мадрид кој вчера загуби од Осасуна со 2-1.