Балотели се расправаше со фановите на Дижон, Ница вели бил навредуван на расна основа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Марио Балотели имаше
чудна конверзација со дел од фановите на Дижон во натпреварот каде неговиот тим
Ница загуби на гостувањето кај својот противник со 3-2.

Во еден момент
италијанскиот напаѓач почна да негодува кон нив а потоа со гестикулација им упати
порака да замолчат, но доби и жолт картон поради претходната конверзација со
нив.

Од Ница велат дека
нивниот фудбалер добил навреди на расна основа, токму поради тоа имал таква
реакција кон домашните навивачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани