Беше дел од од Манчестер Јунајтед и Ливерпул, а сега ќе го судат за убиство!

by 24 фудбал
1 минути читање


Поранешниот фудбалер Патрик Лејси, кој минал низ академиите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул, се најде во центар на сериозен скандал во Англија.

32-годишниот Лејси е еден од четворицата обвинети за обид за убиство по инцидентот на 28 ноември, кога млад маж бил застрелан во ногата и пренесен во болница со сериозни повреди, пренесува „Daily Mail“.

Полицијата од Мерсисајд извршила координирани акции во неколку области, по што Лејси бил уапсен. Покрај обидот за убиство, тој се соочува и со обвиненија за заговор за убиство, поседување оружје и нанесување тешка телесна повреда.

Овие координирани претреси беа спроведени како дел од тековната истрага и сите четворица мажи ќе се појават на суд денес“, изјави инспекторот Крис Кларк.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×