Избраниците на
Зинедин Зидан го положија последниот тест пред нок-аут фазата од Лигата на
шампионите. Вечерва на Сантијаго Бернабеу, Реал Мадрид лесно со високи 5-2 го
доби дуелот со Реал Сосиедад.
Резултатот беше
отворен по само 60 секунди, Вазкез погоди со глава за 1-0. Потоа на сцена стапи ЦР7, на асистенција на
Марсело, Роналдо зголеми на 2-0 во 27. минута. Во 34. минута веќе беше 3-0,
Тони Крос одлично пласираше за нова радост на домашните навивачи. До пред
крајот на првиот дел гостите капитулираа уште една, Роналдо скокна највисоко по
еден корнер за 4-0.
Во 74. минута,
Баутиса намали на 4-1, за Роналдо пет минути подоцна го комплетираше својот
хет-трик и да пукне „петарда“ во мрежата на гостите.
До крајот на
натпреварот, Иљараменти само го ублажи поразот и ги постави конечните 5-2.