Медиумите од Италија пренесуваат дека „росонерите“ имале телефонски разговор со Асоцијацијата на судии (АИА) за да ги известат дека се бесни поради големиот број грешки на нивна штета.
Јувентус го крена гласот кон судиите по поразот од Интер на „Дербито на Италија“, а истото го направил и Милан по ремито против Комо.
Еден ден по натпреварот на „Сан Сиро“, „росонерите“ имале телефонски разговор со Асоцијацијата на судии (АИА) за да ги известат дека се бесни поради големиот број на грешки на нивна штета.
Чашата ја прелија новите два инцидента, односно стартот на Ван дер Бремпт врз Страхиња Павловиќ, кој има среќа што не заработи скршеница на ногата.
Србинот доби крампони во потколеницата а судијата Маријани не покажа ниту жолт картон на противничкиот играч и покрај тоа што јасно беше дека станува за груб и опасен старт. И не само тоа, раководството на Милан се чуди како никој од ВАР собата не реагирал, и зошто не бил доделен црвен картон.
„Росонерите“ бараат објаснување и за ситуацијата во која Сеск Фабрегас за дрес го повлече Салемакерс, а Макс Алегри бурно реагираше крај аут линијата. Тренерот на Комо помина само со опомена, додека пак тренерот на Милан доби црвен, а подоцна и еден натпревар суспензија, па нема да биде на клупата против Парма.
Во разговорот со АИА, кој повеќе бил како културен начин да се побара да се елиминира бројот на грешки, отколку формален протест, Милан исто така ги набројал сите други моменти на нивна штета оваа сезона.