Милан прокнижи
нови три бода, „Росонерите“ предводени од талентираниот Кутроне со триумф од 0-4 се
враќаат од „Паоло Маца“.
Резултатот беше
отворен по само две минути. Кутроне се најде на право место и по одбраната на
домашниот голман, со рутинска завршница донесе 0-1.
Младиот напаѓач потоа постигна гол налик на оние на легендарниот Пипо Инзаги.
Кутроне во 65. минута одново се најде на право место и во право време по шутот на Сусо и со
голема доза на среќа ја смести топката во празната мрежа. Неговиот прв обид
заврши во стативата, но самиот налета на одбиената топка и од оваа ситуација не
можеше да промаши.
До крајот на
средбата, Биља погоди за 0-3, а во финишот од средбата конечните 0-4 ги постави
Борини.