71
Спарси сосема
заслужено триумфираа на 195. дерби на Северен Лондон. Хари Кејн беше херојот на
домаќините.
По едно мирно
прво полувреме на двете страни, Тотенхем беше далеку подобар противник во
продолжението од средбата и стигна до водство веќе на стартот од вториот дел.
Хари Кејн скокна
високо по една нафрлена топка на Дејвис и со глава го матираше Петр Чех за 1-0.
Избраниците на Маурисио Покетино потоа имаа уште неколку добри шанси за
предвреме да го решат натпреварот, па откако не го сторија тоа, срцата на
домаќините трепереа до последната секунда од мечот.
Александре
Лаказет можеше да казни во 93. минута, Французинот се најде осамен пред Лорис,
но биеше крај голот.