Јувентус издвојува важна победа во битката со Наполи за врвот во Серија А, избраниците на Масимо Алегри вечерва со три бода се враќаат од жешкото гостување на Артемио Франки.
„Бјанконериет“ триумфираа со 0-2 благодарејќи на погодоците на Бернардески и Игуаин.
Италијанецот од слободен удар погоди против својот поранешен клуб во 56. минута за водство на „Старата Дама“ а Аргентинецот со рутинска завршница во 86. минута стави точка на натпреварот.
Сепак победата е во сенка на нов скандал со ВАР. Имено, во првиот дел судијата покажа пенал за Фиорентина поради играње со рака на Џорџо Кјелини. И додека домаќините се подготвуваа да ја изведат најстрогата казна, судијата се консултираше со видео технологијата за на крајот по три минути анализа да го поништи пеналот и да досуди офсајд.
На зачетокот од акцијата, Бенаси беше зад одбраната на Јувентус, но се чини дека топката беше подадена од Алекс Сандро.