„Не разбирам како Тудор стана пожарникар или водоинсталатер, доаѓа, поправа и си оди“

by 24 фудбал
1 минути читање

Назначувањето на Игор Тудор за нов менаџер на Тотнем предизвика поделени реакции на Островот, а дел од аналитичарите не го гледаат како долгорочно решение.

Легендата на Арсенал, Мартин Кион, даде интересна споредба и го спореди Хрватот со „водоинсталатер“ кој доаѓа само привремено да „покрпи“ ситуација.

Како тој човек стана пожарникар, не ми е јасно. Марсеј, Лацио, Јувентус… во ниту еден од клубовите не мина повеќе од календарска година. Едноставно не мислев дека ќе стане вообичаено да имате тренер кој ќе биде водоинсталатер. Тој само доаѓа, набрзина нешто поправа и заминува. Неверојатно е дека сега имаме таква ситуација“, изјави Кион.

Тудор пристигна како наследник на Томас Франк по слабата серија резултати, со Тотенхем на 16. позиција и само 7 победи по 26 одиграни кола во Премиер лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×