Фудбалската опсерваторија (ЦИЕС) креира листа на најголемите таленти во лигите на земјите од поранешна Југославија.
Изборот се базираше само на играчи до 23 години, а се зедоа в предвид играчи од сите лиги на поранешната република. Иако се „чешлаше“ и ПМФЛ, односно Македонија, во изборот немаме ниту едно име.
Меѓу избраните се најдоа три играчи на Хајдук, по два на Динамо Загреб и Партизан, како и по еден од Црвена Звезда, Славен Белупо и Целје.