На повидок голем пресврт во Торино – Влаховиќ се предомислил?!

by Стефан
1 минути читање

Според последните информации, Душан Влаховиќ на крајот би можел и да остане во Јувентус.

Иднината на српскиот напаѓач беше една од најголемите теми во италијанските медиуми, каде се шпекулираше дека ќе замине, а најсериозна опција за трансфер се сметаше Барселона.

Сепак, сега Влаховиќ покажал желба да се договори со „старата дама“ и би можел да стане еден од клучните играчи во тимот на Лучијано Спалети. Италијанските медиуми пишуваат дека токму околу него стратегот би можел да гради тим по своја мерка.

„Извор близок до неговите соработници открива дека одлуката за продолжување на договорот зависи исклучиво од него“, пренесува италијанскиот новинар Даниеле Лонго.

Во моментов, Влаховиќ се опоравува од повреда, а токму неговата способност да постигнува голови е нешто што најмногу му недостасуваше на Јувентус во последните натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×