Суарез асистираше, Кутињо и Ракитиќ погодуваа, Барса е во финале (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барса го доби и
вториот дуел со Валенсија во полуфиналето, вечерва на Местаља, избраниците на
Ернесто Валверде триумфираа со 0-2.

Прашањето околу
тоа кој ќе оди во финале беше решено во второто полувреме. Во 49. минута од
средбата, Филипе Кутињо го постигна својот деби погодок. На асистенција на Луис
Саурез, Бразилецот реагираше одлично и донесе 0-1.

Во 82. минута
Луис Суарез одново беше во улога на асистент. Уругваецот украде една топка,
издржа два старта на противнички играчи и му додаде на Иван Ракитиќ кој од
врвот на шеснаесетникот прецизно биеше за 0-2.

Во финалето
Барселона ќе ги одмери силите со Севиља.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани