Доколку добие отказ, Конте ќе добие и „богатство“ од Челси за истиот!

by
1 минути читање

Челси има
катастрофална сезона зад себе, бранителот на трофејот во англиската Премиерлига
е далеку од овосезонските амбиции, а италијанскиот стратег Антонио Конте нема
намера да се повлече по своја иницијатива.

А како би го
сторил тоа, кога нему поисплатливо му е да добие отказ, отколку самиот да се
повлече.

Според
информациите кои пристигнуваат, евентуална одлука на Челси да му врачи отказ на
Италијанецот, на Конте ќе му донесе фантастични 26.7 милиони фунти.

Како за
потсетување, Конте на клупата на Сините од Лондон е од 2016. година, ја освои
титулата во Премиерлигата, а како награда за тоа минатото лето доби нов договор
од клубот со важност до идната година, но работите во продолжение драстично се
сменија по катастрофалните резултати на тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани