Поранешниот англиски
првак Лестер и натаму е без еден од своите најдобри поединци во тимот, Риад
Марез, тој нема да се најде ниту во составот на својот тим за дуелот против
лидерот во Премиерлигата, Манчестер Сити.
Токму Сити е проблемот
со кој Лестер се соочува во случајот со Алжирецот, познато е дека тимот на
Гвардиола беше заинтересиран да го ангажира Марез во изминатиот зимски
јануарски преоден рок, но Лестер ја одби таа понуда.
Проблемите веднаш
настанаа, па Марез дури ниту на тренинзите во клубот не се појавува, а за тоа
го чека парична казна во висина од 250 илјади евра.
Алжирецот дури и му
поставил услов на клубот, на лето да биде продаден во Сити, кој се очекува
повторно да преговара за него, а истовремено од Лестер се бара во договорот да
вметне и откупна клаузула.