Лидерот во Серија А, Интер, добива силен ветер во грб пред дербито со Јувентус.
Тимот на Кристијан Киву е во победнички ритам, а дополнителна причина за оптимизам се најновите вести од медицинскиот билтен.
Во тренажен процес повторно се приклучи Дензел Дамфрис, фудбалерот кој подолг период беше надвор од комбинација. Десниот бек веќе работи со остатокот од екипата и планот е да конкурира за настап во саботната пресметка.
Позитивни сигнали пристигнуваат и од средниот ред. Хакан Чалханоглу ги надмина проблемите кои го оддалечија од теренот во изминатиот период и постои реална можност да се врати директно во стартниот состав. Во комбинација повторно е и Николо Барела, за кого се очекува да ја започне средбата од клупата.