„Милионерите“
повеќе нема да толерираат недисциплина во своите редови, секој кој на сила ќе
се обиде да изнуди трансфер ќе доживее пекол и ќе дреме на трибини.
Изминативе месеци
Дортмунд беше инволвиран во две трансфер саги. Најпрво минатото лето Барселона
тропна на вратата за Осман Дембеле. Французинот кога дозна за понудата на „Каталонците“
исчезна, не се појавуваше на тренинзите ниту пак одговараше на повиците на
луѓето од Борусија. На крајот тој заврши на Камп Ноу во трансфер вреден 105
милиони евра, плус уште додатни 40 милиони евра во бонуси.
Слична беше и
приказната на Пјер Емерик Обамејанг, кој во јануари се пресели на Емирати. Кога
почна да се појавуваат шпекулациите за негов трансфер во Арсенал, напаѓачот
почна да доцни, а и неговите перформанси драстично паднаа.
Медиумите од
Германија велат дека по овие две епизоди, првиот човек на БВБ, Ханс Јоаким
Вацке се симнал во соблекувалната и на сите јасно до знаење им ставил дека
ваква однесување во иднина нема да биде толерирано и секој кој ќе ги следи
стапките на Осман Дембеле и Пјер Емерик Обамејанг ќе заврши на трибини.
Во разговор со Франкфуртер
Алгемајне Цајтунг, Вацке го потврди ова и порача: „На тимот му кажав дека
следниот играч кој ќе направи нешто вакво ќе доживее пекол. Следниот играч кој
ќе се обиде да не стави под притисок со тоа што ќе игра под можностите или пак
ќе реши да штрајкува, ќе дреме на трибини”.