Синоќа Челси доживеа
уште еден пораз во серија, неочекуван повторно, по оној пред своја публика од
Борнмут (0-3) овој пат Ватфорд беше пресилен за англискиот првак на домашен
терен (4-1). Ова е прв пат по 22 години Сините да бележат два порази во серија
со по три гола негатива.
Голем е притисокот врз
италијанскиот стратег Антонио Конте, се шпекулира дека денес тој може да добие
отказ од клупата на тимот од Стемфорд Бриџ, а синоќа, тој се правеше како ништо
да не се случува.
„За мене? Притисок?
Притисок, притисок… Каков притисок? Каков вид на притисок? Кој е тој
притисок? За мојата позиција? Јас ќе повторам, јас работам. Доколку ова е
доволно, ок, доколку не, клубот ќе треба да донесе друга одлука“ рече Конте.
class="twitter-video" data-lang="en">