13
Вечерва во Франција се играше дербито помеѓу ПСЖ и Марсеј кое помина во доминација на домаќините кои славеа победа од убедливи 5-0.
Марсеј вечерва едноставно немаше што да бара во Париз, домаќинот доминираше во секој дел од теренот и на крајот заслужено славеше убедливо.
Резултатот беше отворен по 12 минути игра кога Осман Дембеле погоди за 1-0. Французинот повторно стапи на сцена во 37-та минута за веќе 2-0. Тоа беше и резултатот со кој се замина на паузата.
Во вториот дел ПСЖ набрзина во период од десет минути од 64-та до 74-та минута постигна три гола со кои буквално го понижи противникот. Медина си постигна автогол, по еден гол постигнаа Кварацхелија и Ли Канг.