Конфузната ситуација од финишот на дербито помеѓу Ливерпул и Сити – вакво нешто првпат се случи! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Манчестер сити славеше победа во дербито на „Енфилд“, совладувајќи го Ливерпул со 2-1 и на тој начин остана во трката за титулата во Премиер лигата.

Триумфот на избраниците на Пеп Гвардиола добива уште поголема тежина ако се земе предвид дека „граѓаните“ до трите бода стигнаа по пресврт во второто полувреме. Ливерпул прв го отвори резултатот, откако во 74. минута Доминик Собослаи на маестрален начин погоди од слободен удар за водство од 1-0.

Сепак, финишот им припадна на гостите. Бернардо Силва во 84. минута израмни на 1-1, а длабоко во судиското продолжение Ерлинг Халанд беше прецизен од белата точка за целосен пресврт и водство од 2-1.

Натпреварот доби драматична завршница во 100. минута, кога Ливерпул тргна на сè или ништо, а во нападот се приклучи и голманот Алисон. По една одбиена топка, таа стигна до Черки, кој шутираше од центарот кон празниот гол. По топката тргнаа и Халанд и Собослаи, при што најпрво Унгарецот го собори Норвежанецот, а потоа следуваше и спротивна реакција. Топката заврши во мрежата за 3-1.

Сепак, по интервенција на ВАР, судијата ја донесе, како што се чини, единствената логична одлука, но малку чудна со оглед на ситуацијата, голот беше поништен, Собослаи доби црвен картон, па Сити изведе прекршок.

Absolute madness in Liverpool vs Man City
by u/TheImmortalDude in soccercirclejerk

Можно е и ова да ти се допаѓа

×