171
Тројца од шестте притворени хулигани ги добија своите казни. Хрвоје Баковиќ и Анте Фириќ добија шест месеци затвор, додека Иван Роланд Мишковиќ, четири месеци.
На споменатите тројца судот во Белград им одреди забрана за влез во Србија пет години откако ќе ја отслужат казната. Тие се одрекле од правото на жалба, а казната ќе ја служат во затвор во Сремска Митровица.
„Навивачите кои се договорија со судот од денеска ќе бидат префрлени на одлежување на казните во Сремска Митровица“, изјави неименуван извор за српски Курир.
Преостанатите тројца кои не ги прифатиле условите за договор со обвинителството, утре ќе се појават пред судот.