Берлускони го цитираше Вујадин Бошков за да каже што не му се допаѓа кај овој Милан

by
1 минути читање

Познато е дека Берлускони додека беше претседател на Милан со негови сугестии често им се мешаше на тренерите во тактиката. Тоа продолжува да го прави и сега користејќи ги медиумите.

Берлускони го цитираше и поранешниот српски фудбалер и тренер, Вујадин Бошков кој беше на кормилото на Сампдорија и Рома.

„За мојот Милан, најдов купувач кој ги исполни сите ветувања, но оваа сезона и минатата тие играат во формација која не ми се допаѓа“, вели Берлускони.

„Тие играат со само еден напаѓач, па гледаме максимум по еден или два шута на гол од нив“.

„Се сеќавам Вујадин Бошков велеше, за да постигнете гол, треба да шутирате на голот“.

„Тоа треба да го земе во предвид Рино Гатузо кој инсистира на игра со еден напаѓач“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×