169
18 годишниот фудбалер на
Ајакс има импресивни изданија во дресот на холандскиот прволиваш, а истите беа
доволен мотив за неколку гиганти да се вклучат во трката по неговиот потпис.
Како еден од таквите се
споменуваше Манчестер јунајтед, за кого се велеше дека ќе издвоел десет милиони
фунти за него идното лето, но самиот фудбалер ги негираше шпекулациите.
„Шансите да си заминам
се тешки, не сум зборувал лично со Жозе Мурињо, знам за тоа исто колку и вие“
рече Клајверт.
„Шпекулации постоеле, и
ќе постојат, но Манчестер јунајтед никогаш не бил опција, и сметам дека не е
логичен чекор во моментов“ додаде тој.