По низата од три натпревари без победа, Арсенал одново се врати на победничките патеки забележувајќи втор последователен триумф. „Топчиите“ на свој терен рутински и без поголеми возбудувања го совладаа Сандерленд со 3-0 и ги освоија планираните три бода.
Лидерот во Премиер лигата ја имаше контролата од самиот почеток, а отпорот на гостите беше скршен во завршницата од првото полувреме кога Зубиаменди, по асистенција на Тросар, го отвори резултатот. Истиот ритам продолжи и во вториот дел, а победата на Арсенал ја потврди Ѓокереш кој постигна два гола.
До важни бодови стигна и Челси, кој без многу мака го реши прашањето на победникот против фенерџијата Вулверхемптон уште пред паузата. Кол Палмер беше главен на теренот и со хет-трик до 38. минута му донесе убедливо водство од 3-0 на својот тим.
Во продолжението, „волците“ успеаја само да го ублажат поразот со почесен погодок преку Ародаре.
На останатите три средби, Евертонм беше подобар од Фулам со 2-1, Вест хем славеше над Барнли со 2-0, додека Бормут и Астон вила ремизираа 1-1.