Трето полувреме на Корнеља, Умтити дивеел откако бил наречен црнец!

by
1 минути читање

Тензичната
атмосфера од финишот на средбата помеѓу лутите локални ривали продолжила и во
тунелот кон соблекувалните.

Како што
пренесуваат медиумите од Шпанија, најжесток бил Самуел Умтити, дефанзивецот на
Барса дивеел откако некој од фудбалерите на Еспањол упатил расни навреди и го
нарекол црнец.

Жерард Пике ја
смирувал ситуацијата и му велел на својот соиграч да се олади бидејќи Серхио
Гарсија дошол и се извинил.

Во извештајот на
судијата Жесус Хил Манзано стои дека кога тој пристигнал во тунелот имало
голема врева и расправија помеѓу играчи и официјални лица од двата клуба, но
немало никаква агресија.

Останува да се
види како Ла Лига ќе го реши целиот случај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани