Почина 39-годишен екс-играч на Интер, СПАЛ, Специја…

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалска Италија е завиена во црно по веста за смртта на поранешниот играч на Интер, Николас Џани, кој почина на 39-годишна возраст.

Џани извесен период се бореше со тешка болест, поради која пред неколку години беше принуден предвреме да ја заврши професионалната кариера. Тој беше дел од младинскиот погон на Интер цели седум години, во периодот од 1998 до 2005 година, каде што важеше за еден од најперспективните дефанзивци од својата генерација. „Нераѕурите“ преку официјално соопштение се простија од својот поранешен фудбалер и изразија сочувство до неговото семејство.

Во сениорската кариера, Џани настапуваше како позајмен фудбалер за Про Патрија во сезоните 2006/07 и 2007/08, по што потпиша договор со Виченца. Подоцна го носеше дресот и на Перуџа, СПАЛ и Специја.

Најголемиот клупски успех го оствари со СПАЛ, каде што како капитен во 2017 година ја освои титулата во Серија Б, оставајќи длабока трага и надвор од теренот со своето лидерство и професионализам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×