Каков гол на Асенсио, ова не го бранат ни двајца голмани (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Марко Асенсио постигна погодок кој сигурно ќе биде кандидат за еден од најубавите во сезоната, Шпанецот маестрално ја затресе мрежата на Кочаелиспор, и донесе предност за Фенербахче од 0-1.

Марко Асенсио важеше за еден од најталентираните во својата генерација, но неговата кариера е во надолна линија откако реши да го напушти Реал Мадрид летото во 2023 години.

Не се снајде најдобро во ПСЖ, не успеа да се наметне во Астон Вила, па на почетокот од оваа сезона пристигна во Турција.

Во дресот на Фенербахче тој повторно покажува што умее, а денеска постигна погодок кој сигурно ќе биде кандидат за еден од најубавите.

На гостувањето кај Кочаелиспор, во финишот на првиот дел, Шпанецот прекрасно погоди од 25 метри.

Неговиот удар беше толку добар, што прашање е дали двајца голмани ќе го одбранеа. Домашниот чувар на мрежата се испружи колку што е долг, но и покрај тоа не успеа да спречи топката од пречката да заврши зад неговиот грб.

Вака изгледаше погодокот од трибините:

Можно е и ова да ти се допаѓа

×