104
Навивачите на Арсенал конечно можат да бидат малку задоволни откако вечерва „Топчиите“ со 5-1 славеа над Евертон. Домаќините фуриозно започнаа, постигнаа три гола за 20 минути а на пауза заминаа со 4-0.
Хенрих Мхитарјан во првиот натпревар како стартер забележа три асистенции, а Пјер Емерик Обамејанг постигна гол на дебито. Арсенал делуваше моќно, но загрижува играта во одбраната и Петр Чех.
Дефанзивата имаше неколку пропусти, а искусниот голман никако да стигне до бројката 200 натпревари во Премиерлигата на која ја зачувал мрежата. Последен пат тој не прими гол на дуелот со Њукасл на почетокот од декември.