31
Карим Бензема го напушта Ал Итихад по две и пол години, но останува во Саудиска Арабија.
Францускиот напаѓач не постигнал договор за продолжување на соработката, бидејќи бил незадоволен од понудените услови, па клубот и играчот решиле разделбата да се случи уште сега.
Според шпанските медиуми, Бензема ќе се пресели во Ал Хилал, кој бара замена за Маркос Леонардо. Преговорите се во завршна фаза и се очекува трансферот да биде официјализиран во краток рок.
Во дресот на Ал Итихад, Бензема одигра 87 натпревари и постигна 57 голови, освојувајќи една титула во Саудиската лига и Купот на кралот.