Венгер од 1996 година е на клупата на Арсенал, минатата сезона доживеа голем неуспех откако не го пласираше тимот во Лигата на шампионите. А и оваа сезона ќе биде тешко да заврши меѓу најдобрите четири.
Многу од фановите на тимот сметаат дека е дојдено вистинско време за тренерска смена и за промена во трансфер политиката на клубот.
Англиските медиуми најавуваат дека Арсенал на лето ќе добие нов тренер, а тоа ќе биде Јоаким Лев.
Негова последна задача со германската репрезентација ќе биде Светското првенство во Русија, а потоа би требало да ја преземе клупата на Арсенал.
Како тренер Лев ги водеше екипите на Фраунфилд, Штугарт, Фенербахче, Карлсруе, Аданаспор, Тирол Инсбрук и Австрија Виена пред да му стане помошник на Клинсман во германската репрезентација, а потоа да стане и селектор.