706
Најскапото засилување во историјата на Арсенал веројатно нема да дебитира престојниов викенд.
„Треба да видам како ќе биде физички денес и колку добро ќе се чувствува“, вели Венгер.
„Имаше настинка, па не можеше да тренира многу. Стартуваше вчера, но се уште не е комплетно добар“.
„Треба да видам со медицинскиот тим колку подготвен може да биде“.
Арсенал утре го пречекува Евертон за кој одлично деби со два гола имаше Тео Волкот.