Талентираниот Дро Фернандез овој месец е во фокусот на јавноста поради трансферот во ПСЖ, но неговиот живот е обележан од голема семејна трагедија и четирикратно убиство.
Дро Фернандез важеше за еден од најголемите таленти во „Ла Масиа“, во Барселона имаа големи очекувања од младото момче, но „каталонците“ останаа разочарани откако Шпанецот пред десетина дена ги извести дека заминува.
Тој сакаше да ја активира откупната клаузула од само 6 милиони евра, но откако се договори со ПСЖ, „светците“ седнаа на маса со Барселона и пронајдоа компромис за трансфер помеѓу 8 и 9 милиони евра.
Па овој месец тој беше прилично во фокусот на јавноста, но малкумина знаат дека неговиот живот е обележан од голема семејна трагедија во далечната 1994.
На 31. јануари, двајца полицајци упаднале во домот на семејството Фернандез со цел да извршат киднапирање и грабеж, а целиот случај завршил со четирикратно убиство.
Биле убиени Давид Фернандез, неговата сопруга Пилар Санроман, нивната ќеркта Марта и куќната помошничка Ана Изабела Костас.
Две од децата на на Давид Фернандез и Пилар Санроман успеале да побегнат, едно од нив е Педро Фернандез, таткото на Дро.
Во 1996 година, судот им изрекува 212 години затворска казна на двајцата полицајци кои го извршиле злосторството.
Нетфликс минатата година започна да снима и ТВ серија за оваа голема трагедија која ја потресе Шпанија пред повеќе од 30 години.