Трансферот на Агбениену од Портсмут во ПСВ беше договорен, фудбалерот ги прифатил условите на холандскиот клуб и само требало да пристигне во Ајндховен, да го потпише договорот и да биде презентиран како ново засилување.
ПСВ ги направи сите припреми за негов дочек, на аеродромот испратиле и телевизиска екипа, но фудбалерот не се појавил со планираниот лет.
Агбениену не се качил во авионот за Холандија туку заминал во Лисабон каде потпишал за Спортинг. Го прекршил усниот договор со ПСВ и стави потпис на соработка со португалскиот клуб до 2022 година.
„Ова боли… толку долго баравме лев бек, а останавме без него во последен момент“, изјави тренерот Филип Коку шокиран од настанот.
O #SportingCP chegou a acordo com @PortimonenseSC para a transferência do jogador #Lumor.
Sabe mais em https://t.co/ODEGo27g9J pic.twitter.com/lsKz2NrzcV
— Sporting Clube de Portugal (@Sporting_CP) January 31, 2018