Тешко одеа преговорите
помеѓу Арсенал и Месут Озил околу продолжување на соработката на обете страни,
претходно, договорот на германскиот репрезентативец истекуваше идното лето, но,
истиот се продолжи до 2021. година.
„Убавите работи одзимаат
време, на крајот го оставив моето срце да одлучи“ вели Озил.
„Ова беше една од
најважните одлуки во мојата фудбалска кариера, затоа бев приморан да размислам
добро на оваа тема, а воедно и да разговарам со луѓе кои ми значат во мојот
живот“ додаде Германецот кој ќе има неделна плата од 350 илјади фунти.
„Секогаш сум го велел
ова, повторно ќе повторам, ова е мојот дом, среќен сум тука, постојано
мотивиран да остварувам големи резултати, еднаш Топчија, засекогаш Топчија!“
заклучи тој.