Комо под водство на Сеск Фабрегас продолжува со одличните настапи во Серија А, откако на свој терен убедливо го совлада Торино со 6-0 во натпревар од 22. коло.
Домаќините рано ја најавија победата преку Дувикас во осмата минута, а Батурина зголеми на 2-0 уште во првото полувреме.
Во продолжението Комо целосно доминираше, Дувикас повторно погоди, а до крајот стрелци беа и Да Куња, Кун и Какере.
Со оваа победа Комо стигна до 11 сезонски триумф и дојде до 40 бодови, со што се приближи на само два бода до четвртопласираната Рома.