Јувентус замешал прсти и го блокирал трансферот на Политано во Наполи?!

by
2 минути читање

„Наполитанците“
во последните денови од зимскиот преоден рок доставија неколку понуди за услугите на офанзивниот фудбалер, и
вчера конечно постигнаа согласност со Сасуоло за реализирање на трансфер вреден
28 милиони, плус еден милион евра во бонуси и позајмица на Адам Унас.

Во 22:47, првиот
човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис го потпишал и испратил договорот за Матео
Политано, а во 22:50 и договорот за Адам Унас, но од Сасуоло не стигнал одговор
пред истекот на преодниот рок во 23 часот.

Луѓето кои коваат
заговори во Серија А обвинуваат дека Јувентус стои зад пропаднатиот трансфер.
„Старата Дама“ не сака единствениот ривал за Скудетото да се засили, особено
што и тие посакуваат да го купат Матео Политано.

Сепак,
генералнито директор на Сасуоло, Џовани Карневали категорично го демантира ова.

„Имам одличен
однос со генералниот директор на Јувентус, Бепе Марота, но само на
професионално ниво
– вели
Карневали.

„Ние сме
независен клуб. Имаме направено многу здели со Рома, договоривме и трансфер со
Интер за Андреа Пинамонти, кој на крајот сепак не се реализираше
. Понекогаш луѓето
измислуваат работи кои воопшто немаат врска со реалноста
.

„Јувентус само
праша дали сме се договориле со Наполи, ние им кажавме дека не сме се
договориле и дека најверојатно нема да се договориме
. Потоа не
известија дека би можеле да бидат заинтересирани за Матео Политано во зависнот
од тоа какви ќе бидат резултатите од лекарските прегледи на Хуан Квадрадо
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани