Медиумите од Португалија пренесуваат дека Дани Алвеш размислува да му се врати на фудбалот за да помогне неговиот клуб Сао Жоао де Вер да се спаси од испаѓање.
Дани Алвеш може да го има еден од најчудните кам-бекови, Бразилецот ги обеси копачките на клин пред речиси три години, повеќе од една година беше во затвор, но сега повторно може да истрча на фудбалските терени.
Како што пренесува А Бола, десниот бек размислува да му се врати на фудбалот за да му помогне на неговиот клуб Сао Жоао де Вер да се спаси од испаѓање.
Дани Алвеш од неодамна е ко-сопственик на овој португалски третолигаш, неодамна одигра клучна улога и при отказот на тренерот Жоао Нивеа, па се говори дека тој ќе има голема инволвираност во продолжението од сезоната.