Лестер ќе му помогне на Марез повторно да се смее

by
1 минути читање

Поради интересот од Манчестер Сити, Ријад Марез не играше на мечот помеѓу Евертон и Лестер. Очекуваше трансфер, но тоа не се случи.

Лестер бараше 95 милиони фунти, но таа сума беше превисока за Манчестер Сити.

Марез до управата достави барање за трансфер, а некои медиуми пишуваа дека тој е разочаран и нема повеќе да игра за Лестер бидејќи му се срушиле соништата. Негов пријател за Скај Спортс изјави дека фудбалерот е во депресија.

Но тренерот Клод Пуел верува дека клубот ќе му помогне тој да ја врати насмевката и да продолжи да игра.

„Тешка е ситуацијата на Ријад, се надевам дека ќе може да се врати со насмевка и со желба и среќа да игра со неговите соиграчи. Веројатно сега е разочаран, но мислам дека сите играчи, целиот состав ќе му помогне да се врати“, изјави Пуел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани