Рома му го раскина договорот на Бове, Италијанецот повторно ќе заигра фудбал

by bojan
1 минути читање

„Вочицата“ попладнево соопшти дека е прекината соработката со Едоардо Бове, фудбалерот доби одврзани раце да потпише за нов клуб и повторно да заигра фудбал.

Едоардо Бове добро ја исплаши италијанската фудбалска јавност кога колабираше на теренот на натпреварот помеѓу Фиорентина и Интер.

Италијанецот го преживеа срцевиот удар, но му беше вграден срцев дефибрилатор, и тоа за него значеше крај на кариерата во Калчото.

Па за Едоардо Бово повторно да заигра фудбал, Рома денеска му го раскина договорот и му даде одврзани раце да потпише за нов клуб.

Се говори дека англискиот второлигаш Вотфорд е најблиску до потписот на Едоардо Бове.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×