Фабрегас: Мечот ќе им се допадне на оние опседнати со резултати, а оние кои уживаат во фудбалот знаат…

by 24 фудбал
1 минути читање

Милан забележа значајна победа на гостувањето кај Комо со 1-3 во рамките на 16 коло од Серија А и се одржа на три бода до лидерот Интер.

И покрај поразот, тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, истакна дека неговата екипа била подобра според сите статистички параметри, но не успеала тоа да го претвори во резултат.

На луѓето опседнати со резултати ќе им се допадне овој натпревар, а на луѓето кои уживаат во фудбалот им е јасно дека Комо победува осум од десет пати. Направивме 700 додавања, а тие 200 ова се неверојатни работи…Обично разговарам со играчите веднаш по последниот судиски свиреж, но денес не можев. Не се случува често екипа што одигра вака добро како ние да загуби со 3-1. Мораме да се фокусираме на резултатот. Тоа најмногу го сакаат во Италија. Вакви работи не се случуваат често, браво Рабио, браво Мењан, понекогаш мора да симнеш капа и да ги пофалиш индивидуалците“, прокоментира Фабрегас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×