Арсенал го доби првиот полуфинален меч со Челси и тоа на Стемфорд Бриџ! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Арсенал со 3-2 го победи Челси на негов терен во првиот полуфинален натпревар од англискиот Лига Куп, одлична предност за топчиите пред реваншот на Емирати.

Росениор го загуби првиот посериозен меч на клупата на Челси, но противник беше најдобриот англиски тим во овој момент.

Арсенал поведе уште во седмата минута кога по нафрлување на Рајс, Вајт даде гол за водство од 1-0.

По четири минути игра во вториот дел Ѓокереш ја зголеми предноста на 2-0, но осум минути подоцна нововлезениот Гарначо намали на 1-2.

Во 71. минута Зубименди даде гол за водство на Арсенал од 3-1, до крајот на мечот Челси успеа да постигне само уште еден погодок, повторно стрелец беше Гарначо за конечни 2-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×