Портсмунт само го налути Арсенал, блесна Мартинели со хет-трик! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Арсенал рутински обезбедија пласман во следната рунда од ФА Купот, откако на домашен терен го совладаа второлигашот Портсмут со убедливи 4-1.

Иако „топџиите“ влегоа во мечот како апсолутен фаворит, стартот не беше идеален. Домаќините поведоа уште во третата минута кога Бишоп го матираше голманот на Арсенал и донесе рано водство за Портсмут. Сепак, реакцијата на лидерот во Премиер лигата беше брза, само пет минути подоцна Дозел несреќно ја погоди сопствената мрежа за израмнување на резултатот.

Комплетниот пресврт следуваше во 25. минута, кога Мартинели ја искористи една од шансите и го донесе Арсенал во водство од 2-1. До крајот на првото полувреме „топџиите“ можеа и убедливо да поведат, но Мадуеке не успеа да реализира пенал во 43. минута.

Во продолжението Арсенал целосно ја контролираше играта, а најрасположен на теренот беше Мартинели, кој со уште два погодоци го комплетираше хет-трикот и ги постави конечните 4-1, потврдувајќи ја очекуваната победа и сигурниот пласман во следната фаза од ФА Купот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×